
Ковид-19 безбедно
Одберете помеѓу онлајн едукација и безбедни часови со физичко присуство
Работиме по најстроги протоколи за заштита на здравјето на нашите ученици и за запазување на хигиената во просториите!
Доколку се одлучите за учење на странски јазик со физичко присуство важно е да знаете дека работиме крајно одговорно и совесно, во интерес на заштита на Вашето здравје. Во целост ги исполнуваме сите протоколи издадени од МЗ и МОН, а просториите и опремата се чистат, проветруваат и дезинфицираат после секоја група.
Зошто токму со нас?
Ние Постоиме За Вас
Јазичниот едукативен центар Кјара Дона располага со високостручен кадар на професори во едукативната област.
Го фокусираме своето работење кон деца и возрасни, преку иновативен пристап во учењето, со интерактивна и забавна програма, на повеќе странски јазици.
Часовите се организираат во согласност со потребите и интересите на учениците и се опфаќаат сите вештини за изучување на еден јазик.
Со целосна грижа кон своите ученици, Кјара Дона своите часови ги организира во мали групи, со цел секој ученик да го добие потребното внимание за совладување на материјалот.
Покрај индивидуалната настава, редовните, интензивните , суперинтензивните, специјализираните курсеви Кјара Дона врши подготвителна настава за стекнување на меѓународни сертификати за познавање на странски јазици, како и подготовки за полагање на испитите по македонски и англиски јазик од државната матура.
Ги надминуваме Вашите очекувања.
-
Зошто да учам странски јазик?Учењето на нов јазик може да Ви помогне на различни начини. Ова се само некои од нив: Патување ( Ќе бидете помалку изложени на стрес и ќе се чувствувате поудобно). Работа и кариера ( Ако ги покажете вашите вештини за странски јазици во вашето CV, станувате попривлечни за работодавците. Во денешно време има голема конкуренција на пазарот на трудот, неопходно е вашето резиме да биде збогатено со познавање на јазик). Стекнување нови пријателства ( Часовите по јазик се збир на поединци од различни профили и интереси. Излезете од вашиот социјален круг на луѓе и запознајте се со различни луѓе, со кои најверојатно не би биле во можност да искомуницирате или запознаете). Разбирање на странска музика и филмови Вработување во странство (Познавање на друг јазик ви помага да си го остварите сонот во странство. Работа во странство е одлично искуство). Чувство за успех ( Учењето не мора да престане кога ќе завршите со училиштето. Луѓе од сите возрасти учат нови јазици и постигнуваат нови цели и успеси).
-
Дали Кјара Дона е онлајн апликација за учење на јазици?Не, ние не сме апликација за учење на јазици. Кјара Дона е училиште за странски јазици во кое наставата се одвива интерактивно, со професионален кадар кој верува дека ништо не може да ја замени интеракцијата помеѓу едукаторот и слушателите.
-
Зошто да го одберам јазичен едукативен центар Кјара Дона?Кјара Дона Ви овозможува: Работа по најсовремени и квалитетни програми Креативни методи за настава Иновативност во наставните содржини Подготовка за практична примена на јазикот Индивидуална настава и настава во групи Следење на современи образовни текови и ефикасност во наставата Професионален кадар докажан во своето професионално делување
-
Какви јазични курсеви нуди јазичен едукативен центар Кјара Дона?Кјара Дона нуди редовни и интензивни курсеви за деца и возрасни по англиски, германски, италијански, француски, грчки, руски, шведски, норвешки и македонски јазик за странци. Училиштето нуди и специјализирани интензивни курсеви, како што се: деловен англиски јазик и конверзација, надградба на вокабулар и фрази, англиски јазик и кореспонденција за правници, англиски јазик за туристички работници, подготовка за полагање на државна матура по англиски и македонски јазик. Курсеви за подготовка за полагање на СТАНАГ 6001 наменет за воениот, цивилниот персонал и административните службеници во Министерството за одбрана и Армијата кои треба да поседуваат одредено ниво на познавање на англиски јазик согласно посебните работни компетенции за работното место. Курсеви за подготовка за полагање на меѓународно признатиот сертификат за познавање на англиски јазик ESB.
-
Дали постои можност за комбинирање на два или повеќе јазични курсеви?Секако дека постои можност за комбинирање на два или повеќе курсеви. Истите се наменети за деца и возрасни без ограничувања.
-
Како се врши плаќањето за курсевите?Плаќањето се врши на жиро сметката на училиштето, а наскоро ќе воведеме и онлајн плаќање.
-
Како се одвива наставата?Наставата забавна и интерактивна, а се одвива во мали групи! Најчесто наставата е онлајн, но постои можност и за настава со физичко присуство во нашите простории, доколку за тоа постои интерес кај учесниците. Користиме иновативен пристап во учењето, па часовите се организираат во согласност со Вашите потреби и интереси!
-
Како се пристапува на онлајн часот?Во моментот кога ќе се запишете на некои од курсевите и ќе биде оформена група, добивате известување и насоки за регистрација на онлајн платформата. Откако ќе се регистрирате, училиштето ја оформува онлајн групата со пријавените кандидати со кои ви е овозможен пристап во виртуелната училница специјално дизајнирана за настава на далечина.
-
Каква техничка опрема ми е потребна за да следам онлајн час?Следењето на онлајн час со нас е едноставно. Потребни ви се: компјутер или смарт телефон/таблет и добра интернет врска.
-
Како ќе ги добијам материјалите за учење?Сите потребни материјали за курсевите се во електроска форма. Книгите се во пдф формат и истите ги добивате на вашата мејл адреса, за домашна употреба, а за време на часовите, сите дополнителни материјали, вклучувајќи ги и книгите, се прикачени во виртуелната училница и се применуваат за време на онлајн часовите така што се споделуваат и се видливи за сите присутни во групата.
-
Дали постои можност за индивидуална настава?Секако, Кјара Дона нуди можност за индивидуална настава за сите јазични курсеви и сите нивоа според ЗЕРРЈ.
-
Определување на нивото на познавање на странски јазикОпределувањето на нивото на знаење на странскиот јазик, а со тоа и нивото кое би требало да го изучувате, Кјара Дона го прави преку тестирање за одредување на ниво на познавање на јазик. Тестовите се брзи, едноставни и даваат веродостојни резултати.
-
Можам ли сам, без тестирање. да определам кое е моето ниво на знаење на странскиот јазик?Да, можете. Пред да извршиме тестирање за одредување на ниво на познавање на јазик и определување на ниво на знаење можете самостојно да ги процените Вашите јазични вештини односно колку добро зборувате, разбирате, читате и пишувате на различни јазици. Заедничката европска референтна рамка за јазиците нуди збир на описи за да ви помогне да ги разберете своите јазични вештини. Пронајдтете се во долните описи на знаење: РАЗБИРАЊЕ Слушање Ниво A1 - Разбирам познати зборови и основни фрази што се однесуваат на мене, на моето семејство и на непосредното конкретно опкружување кога луѓето зборуваат бавно и јасно. Ниво A2 - Разбирам фрази и најчестиот вокабулар поврзан со областите што ми се лично релевантни (на пример, основни лични и семејни информации, купување, локална област, вработување). Можам да ја разберам главната поента во кратки, јасни и едноставни пораки и соопштенија. Ниво B1 - Можам да ја разбирам главната поента на јасен и стандарден говор за познати теми поврзани со работата, училиштето, слободното време итн. Ја разбирам главната поента на многу радио или ТВ-емисии за тековни настани или теми од личен и професионален интерес кога дикцијата е релативно бавна и јасна. Ниво B2 - Разбирам проширен говор и предавања и можам да следам дури и комплексни аргументирани реплики под услов темата да биде релативно позната. Ги разбирам повеќето ТВ-вести и програми за тековни настани. Ги разбирам повеќето филмови на стандарден дијалект. Ниво C1 - Разбирам проширен говор дури и кога не е јасно структуриран и кога односите се имплицитни и не се јасно означени. Ги разбирам телевизиските програми и филмови без многу напор. Ниво C2 - Немам потешкотија во разбирањето на кој било говорен јазик, без разлика дали е во живо или емитуван, дури и кога е пренесен со голема брзина на роден говорител под услов да имам време да се навикнам на акцентот. Читање Ниво A1 - Разбирам познати имиња, зборови и едноставни реченици, на пример во известувања и постери или во каталози. Ниво A2 - Можам да читам многу кратки и едноставни текстови. Можам да најдам конкретни, предвидливи информации во едноставен, секојдневен материјал како што се огласи, брошури, менија и распореди и разбирам кратки, едноставни неформални писма. Ниво B1 - Разбирам текстови што главно содржат чест секојдневен јазик или јазик поврзан со работата. Го разбирам описот на настаните, чувствата и желбите во неформални писма. Ниво B2 - Можам да читам написи и извештаи што се однесуваат на современи проблеми во коишто авторите заземаат одредени ставови или гледишта. Разбирам современа литературна проза. Ниво C1 - Разбирам долги и сложени фактички и литературни текстови, препознавајќи ги различните стилови. Разбирам специјализирани написи и подолги технички упатства дури и кога не се поврзани со моето поле на интерес и знаење. Зборување Со леснотија можам да ги читам буквално сите форми на пишаниот јазик, вклучувајќи и апстрактни, структурно или лингвистички сложени текстови како прирачници, специјализирани написи и литературни дела. ЗБОРУВАЊЕ Говорна интеракција Ниво A1 - Можам да комуницирам на едноставен начин под услов другото лице да биде подготвено да ги повторува и парафразира работите со помала брзина и да ми помага да го формулирам тоа што сакам да го кажам. Можам да поставувам и да одговарам на едноставни прашања на места каде што има моментална потреба или за познати теми. Ниво A2 - Можам да комуницирам во едноставни и рутински задачи што бараат едноставна и директна размена на информации за познати теми и активности. Можам да се снајдам во кратки, друштвени разговори, иако, обично не можам да разберам доволно за да го одржам разговорот. Ниво B1 - Можам да се справам со повеќето ситуации коишто може да се случат при патување во области каде што се зборува јазикот. Можам да се вклучам во разговори на познати теми, теми од личен интерес или од секојдневниот живот (на пр. семејство, хоби, работа, патувања и тековни настани) без да се подготвам. Ниво B2 - Можам да комуницирам со степен на флуентност и спонтаност што ја прави редовната комуникација со родените говорници прилично возможна. Можам да земам активно учество во дискусии со познат контекст, објаснувајќи ги и поддржувајќи ги моите ставови. Ниво C1 - Можам да се изразам течно и спонтано без многу очигледно одбирање на изразите. Можам да го користам јазикот флексибилно и ефикасно за социјални и професионални цели. Можам прецизно да формулирам идеи и мислења и вешто да го поврзувам мојот придонес кон оние на другите говорници. Ниво C2 - Лесно можам да се вклучам во кој било разговор или дискусија и имам добро познавање од идиоматските изрази и колоквијализми. Можам да се изразам течно и прецизно да пренесам посуптилни нијанси во значењето. Ако имам проблем, можам да се повлечам и да ја заобиколам потешкотијата толку беспрекорно, што другите нема ни да забележат. Говорна продукција Ниво A1 - Можам да користам едноставни фрази и реченици за да опишам каде живеам и луѓето што ги знам. Ниво A2 - Можам да користам серија на фрази и реченици за да дадам едноставен опис на моето семејство и другите луѓе, условите на живеење, моето образование и мојата сегашна или последна работа. Ниво B1 - Можам да поврзам фрази на едноставен начин за да опишам искуства и настани, моите соништа, надежи и амбиции. Можам да давам кратки причини и објаснувања за опции и планови. Можам да раскажам приказна или да ја раскажам содржината на одредена книга или филм и да ги опишам моите реакции. Ниво B2 - Можам да презентирам јасни и детални описи на најразлични теми поврзани со моето поле на интерес. Можам да објаснам гледиште за прашање поврзано со одредена тема, презентирајќи ги предностите и недостатоците на различните опции. Ниво C1 - Можам да презентирам јасни и детални описи на комплексни теми што опфаќаат поттеми, изнесувајќи одредени поенти и заокружувајќи со соодветен заклучок. Ниво C2 - Можам да презентирам јасен и беспрекорен опис или аргумент со стил што одговара на контекстот и со ефективна структура, што ќе му помогне на слушателот да забележи и запомни важни елементи од приложеното. ПИШУВАЊЕ Ниво A1 - Можам да напишам кратка, едноставна поштенска картичка, на пример, за испраќање празнични поздрави. Можам да пополнувам формулари со лични детали, како што се името, националноста или адресата. Ниво A2 - Можам да пишувам кратки и едноставни белешки и пораки. Можам да напишам многу едноставно неформално писмо , на пр. за да му се заблагодарам некому за нешто. Ниво B1 - Можам да напишам едноставен текст поврзан со познати теми или теми од личен интерес. Можам да пишувам неформални писма опишувајќи искуства и впечатоци. Ниво B2 - Можам да напишам јасен и детален текст на најразлични теми поврзани со моите интереси. Можам да напишам есеј или извештај, да пренесам информации или да наведам причини за или против одредено гледиште. Можам да пишувам писма, формални и неформални нагласувајќи ја личната важност на настаните и искуствата. Ниво C1 - Можам да се изразам со јасен и добро структуриран текст, изразувајќи гледишта, ставови и мислења. Можам да пишувам за сложени теми во писмо, есеј или извештај, нагласувајќи ги најважните проблеми според мене. Можам да изберам стил што одговара на потенцијалниот читател. Ниво C2 - Можам да пишувам јасен и беспрекорен текст со соодветен стил. Можам да пишувам сложени писма, извештаи или написи коишто презентираат случај со ефективна логичка структура, што ќе му помогне на читателот да забележи и запомни важни поенти. Можам да пишувам резимеа и рецензии за професионални или литературни дела.
-
Што е заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ)?Заедничката европска референтна рамка за јазици е упатство од Советот на Европа што се користи за да се опишат достигнувањата на учениците за странски јазици. ЗЕРРЈ (CEFR) овозможува метод на учење, предавање и знаење што важи за сите јазици во Европа. ЗЕРРЈ вклучува шест референтни нивоа поделени на два дела, кои се користат низ цела Европа за да може да се разбере познавањето на јазиците.
-
Дали по завршување на јазичен курс се добива сертификат?На последната средба од курсот задолжително се полага завршен тест кој е услов за изучување на наредното ниво. Со успешно положен тест, слушателот се стекнува со право на сертификат за изученото ниво.
-
Дали јазичниот едукативен центар Кјара Дона издава уверенија за активно познавање на јазик?Да, издаваме уверенија за активно познавање на јазик кои се засноваат на Заедничката европска референтна рамка за јазиците на Советот на Европа (ЗЕРРЈ). На денот на спроведувањето на проверката на знаење, кандидатите задолжително со себе треба да носат документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа). Уверението за активно познавање на соодветниот јазик се издава во рок од три работни дена по спроведувањето на проверката, и се подигнува во просториите на Едукативниот центар. Уверенијата можат да послужат како доказ за активно познавање на странскиот јазик пред домашни и странски институции. Сепак, тие ја немаат истата тежина како уверенијата од меѓународен карактер. Пред да се закаже термин за проверка на знаењето, се препорачува кандидатот добро да се информира за тоа каков тип на уверение му е потребно за исполнување на своите цели.
-
Дали во Кјара Дона може да се полага за меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик?Да, јазичниот едукативен центар Кјара Дона е овластен испитен центар за ESB, висококвалитетен, доживотен сертификат кој Ви овозможува полесно вработување во странство. Обуката за полагање и полагањето се одвива онлајн.
-
Кои се предностите на ESB и каков меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик преставува?Земајќи го ESB од една страна и споредувајќи го со сите останати сертификати кои се присутни во Македонија можеме да истакнеме повеќе предности. Најпрво, сертификатот е доживотен што значи кандидатите кои ќе се стекнат со ваков сертификат не мора повторно да се изложуваат на трошоци, како и да вложуваат време и напор да го полагаат. Второ, економски е поисплатлив затоа што е со пониска цена. Се полага онлајн така што кандидатите го полагаат од своите домови, а со тоа имаат намален стрес при полгањето.
-
Колку фази и постапки постојат за да се положи ESB – Меѓународниот сертификат за познавање на англиски јазик?Постапката за добивање на ваков сертификат е едноставна. Кандидатот треба да одлучи за кое ниво би сакал да полага. Доколку не знае тимот на Кјара Дона ќе му помогне за да може да го полага соодветното ниво. Потоа постои соодветна подготовка која може да биде минимална, од неколку часови доколку кандидатот нема потреба од повеќе часови и подготовка за полагање или пак тоа да бидат толку часови за обука колку што му е потребно. Писмениот дел се состои од вежби за проверка на вештините слушање, читање со разбирање, примена на јазик и пишување. Откако кандидатот успешно ќе го положи писмениот дел се закажува термин за полагање на устен испит. Термините за полагање на писмениот дел од испитот се претходно одредени во текот на целата година.
